Tuesday, August 6, 2013

Проекти со програма за цртање




Проекти од Информатиката е изборен предмет кој се воведува за учениците од основното образование, започнувајќи од 6 -то одделение. Предметот претставува логична потреба на современото образование и на современиот живот.Предметот треба да им овозможи на учениците да се запознаат со техниките, вештините и постапките за реализација на проектна задача со компјутер.

Организација на наставата и приказ на наставните содржини


I ПРОГРАМСКО ПОДРАЧЈЕ : ПРОЕКТИ СО ПРОГРАМА ЗА ЦРТАЊЕ (8 ЧАСА)

Креирање на цртеж според зададени параметри.

Цели:

-           Да се повторат и утврдат знаењата од програмата за цртање изучувана во предметот информатика;
-           Ученикот да се оспособи да креира или репродуцира цртеж според зададени параметри.

Вежба број 1: Креирање (цртање) на знамиња на држави.

Во програмата за цртање нацртај знаме на некоја држава. Потребно е да изработиш едно едноставно знаме и едно посложено (со повеќе детали). Знамињата да бидат нацртани во големина на листот за цртање и зачувани во .jpg формат.
Од следниот линк ќе можеш да пронајдеш знамиња.

Вежба број 2: Креирање (цртање) на сообраќаен знак.
Во програмата за цртање нацртај неколку сообраќјјни знаци по твој избор и цртежот зачувај го во .jpg формат.
Од следниот линк ќе можеш да пронајдеш различни сообраќајни знаци.

Изработка  на  цртеж  со геометриски трансформации на зададени геометриски фигури

Вежба број 1:
 

 Од понудените геометриски фигури лево, со селектирање без позадина, брзо копирање и геометриски трансформации, направи своја куќа!
Избој ја!

 Вежба број 2:

Изработка  на  цртеж  -  шара  или  рамка  со  геометриски трансформации на еден зададен графички објект.
 













 Отварање на фотографија во програма за цртање,изготвување на цртеж со комбинација на готова фотографија.Размена на објекти во различни документи од иста графичка програма.

Вежба број 1: Креирање цртеж со комбинација на цртање и фотографија (фотомонтажа)


Пример 1: Изработи цртеж во кој ќе вметнеш исечоци од готови фотографии. Фотографиите ќе ги пронајдеш на Интернет, зачуваш, а потоа отвориш во програмата за цртање. Од нив исечи го она што ти е потребно за креирање на финалниот цртеж. На тој начин ќе креираш интересна фотомонтажа.

Користени фотографии








Креиран цртеж
 











Пример 2: Фотомонтажа од неколку различни фотографии
 
















Отвори фотографија во програмата за цртање. Со алатката за слободна селекција селектирај го, а потоа ископирај го делот од сликата кој ќе го употребиш во твојот цртеж.

Изработување цртеж-шема (боенка) .Изработување на цртеж и негово разделување на делови кои може да се спојат за повторно откривање на сликата.

Вежба број 1: Креирање цртеж - сложувалка
  1. Со веб-броузер отвори ја страницата на избран пребарувач.
  2. Избери пребарување по слики.
  3. Во полето за пребарување напиши го клучниот збор што ја опишува сликата што ја бараш. На пр. Family clipart (цртана слика на семејство).
  4. Од листата на адреси на веб-страници со барани слики избери слика со резолуција околу 500 x 500, по можност во .jpg формат и меморирај ја во својот фолдер за слики од Интернет.
  5. Стартувај ја програмата за цртање.
  6. Со Датотека – Отвори пронајди ја локацијата на сликата и избери ја за да ја отвориш во програмата.
  7. Со брзо копирање  ископирај ја сликата, намали ја 2-3 пати димензијата на копираната слика. Исклучи ја позадината и со алатката за селектирање со слободна рака исечи ја оригиналната слика на повеќе делови - блокови. Распореди ги деловите на краевите од работната површина така да има доволно простор околу нив да се селектираат со алатката за правилно селектирање.
  8. Означи го со прави линии делот од работната површина за спојување на деловите во целина.
  9. Со алатката за пишување испиши го текстот: „Од деловите обиди се да составиш слика!”
  10. За спојување на оригиналната слика деловите треба прецизно да се селектираат и поставуваат еден покрај друг на слободниот работен простор.
  11. Меморирај го фајлот со неспоена слика во својот фолдер за цртежи - проекти под името Сложувалка
  12. Споената слика меморирај ја под ново име во истиот фолдер или затвори ја програмата без да ги меморираш промените!
                       

 Вежба број 2: Креирање цртеж - спојувалка

Изработи цртеж спојувалка сличен на зададениот пример на скиката.
  
Вежба за сумативна оценка:
Креирање на пирамида за исхрана

1 comment:

  1. містер Бенджамін Лі був ключовим партнером у нашому успіху та безцінним активом для зростання та майбутнього нашої компанії, містер Бенджамін та його позикова компанія інвестували у мій бізнес із позикою 1000000 доларів у розмірі 2 натомість, і це було дуже приємно працювати з ним, тому що я не знаю, що б я зробив без допомоги пана Бенджаміна та його позикової компанії, пана Бенджаміна контактна електронна адреса: 247officedept@gmail.com та whatsapp: + 1-989-394-3740

    ReplyDelete