Tuesday, August 6, 2013

Проекти со програма за цртање




Проекти од Информатиката е изборен предмет кој се воведува за учениците од основното образование, започнувајќи од 6 -то одделение. Предметот претставува логична потреба на современото образование и на современиот живот.Предметот треба да им овозможи на учениците да се запознаат со техниките, вештините и постапките за реализација на проектна задача со компјутер.

Организација на наставата и приказ на наставните содржини


I ПРОГРАМСКО ПОДРАЧЈЕ : ПРОЕКТИ СО ПРОГРАМА ЗА ЦРТАЊЕ (8 ЧАСА)

Креирање на цртеж според зададени параметри.

Цели:

-           Да се повторат и утврдат знаењата од програмата за цртање изучувана во предметот информатика;
-           Ученикот да се оспособи да креира или репродуцира цртеж според зададени параметри.

Вежба број 1: Креирање (цртање) на знамиња на држави.

Во програмата за цртање нацртај знаме на некоја држава. Потребно е да изработиш едно едноставно знаме и едно посложено (со повеќе детали). Знамињата да бидат нацртани во големина на листот за цртање и зачувани во .jpg формат.
Од следниот линк ќе можеш да пронајдеш знамиња.

Вежба број 2: Креирање (цртање) на сообраќаен знак.
Во програмата за цртање нацртај неколку сообраќјјни знаци по твој избор и цртежот зачувај го во .jpg формат.
Од следниот линк ќе можеш да пронајдеш различни сообраќајни знаци.

Изработка  на  цртеж  со геометриски трансформации на зададени геометриски фигури

Вежба број 1:
 

 Од понудените геометриски фигури лево, со селектирање без позадина, брзо копирање и геометриски трансформации, направи своја куќа!
Избој ја!

 Вежба број 2:

Изработка  на  цртеж  -  шара  или  рамка  со  геометриски трансформации на еден зададен графички објект.
 













 Отварање на фотографија во програма за цртање,изготвување на цртеж со комбинација на готова фотографија.Размена на објекти во различни документи од иста графичка програма.

Вежба број 1: Креирање цртеж со комбинација на цртање и фотографија (фотомонтажа)


Пример 1: Изработи цртеж во кој ќе вметнеш исечоци од готови фотографии. Фотографиите ќе ги пронајдеш на Интернет, зачуваш, а потоа отвориш во програмата за цртање. Од нив исечи го она што ти е потребно за креирање на финалниот цртеж. На тој начин ќе креираш интересна фотомонтажа.

Користени фотографии








Креиран цртеж
 











Пример 2: Фотомонтажа од неколку различни фотографии
 
















Отвори фотографија во програмата за цртање. Со алатката за слободна селекција селектирај го, а потоа ископирај го делот од сликата кој ќе го употребиш во твојот цртеж.

Изработување цртеж-шема (боенка) .Изработување на цртеж и негово разделување на делови кои може да се спојат за повторно откривање на сликата.

Вежба број 1: Креирање цртеж - сложувалка
  1. Со веб-броузер отвори ја страницата на избран пребарувач.
  2. Избери пребарување по слики.
  3. Во полето за пребарување напиши го клучниот збор што ја опишува сликата што ја бараш. На пр. Family clipart (цртана слика на семејство).
  4. Од листата на адреси на веб-страници со барани слики избери слика со резолуција околу 500 x 500, по можност во .jpg формат и меморирај ја во својот фолдер за слики од Интернет.
  5. Стартувај ја програмата за цртање.
  6. Со Датотека – Отвори пронајди ја локацијата на сликата и избери ја за да ја отвориш во програмата.
  7. Со брзо копирање  ископирај ја сликата, намали ја 2-3 пати димензијата на копираната слика. Исклучи ја позадината и со алатката за селектирање со слободна рака исечи ја оригиналната слика на повеќе делови - блокови. Распореди ги деловите на краевите од работната површина така да има доволно простор околу нив да се селектираат со алатката за правилно селектирање.
  8. Означи го со прави линии делот од работната површина за спојување на деловите во целина.
  9. Со алатката за пишување испиши го текстот: „Од деловите обиди се да составиш слика!”
  10. За спојување на оригиналната слика деловите треба прецизно да се селектираат и поставуваат еден покрај друг на слободниот работен простор.
  11. Меморирај го фајлот со неспоена слика во својот фолдер за цртежи - проекти под името Сложувалка
  12. Споената слика меморирај ја под ново име во истиот фолдер или затвори ја програмата без да ги меморираш промените!
                       

 Вежба број 2: Креирање цртеж - спојувалка

Изработи цртеж спојувалка сличен на зададениот пример на скиката.
  
Вежба за сумативна оценка:
Креирање на пирамида за исхрана

Tuesday, March 15, 2011

Проекти со програма за обработка на текст


IV ПРОЕКТИ СО ПРОГРАМА ЗА ОБРАБОТКА НА ТЕКСТ

Цели и задачи на темата

Ученикот да се запознае со техниката на правилно користење на тастатурата со двете раце. Ученикот да познава и применува: редослед на уредување текст; правила за пишување. Ученикот во програмата за обработка на текст да реализира: преуредување на готов текст според зададено упатство;креирање на документ со користење на податоци од различни извори, со различни техникии и според зададени упатства Ученикот да познава и да користи техники за: преземање и внесување податоци во документ; уредување на новинарски текст; работа со слики и фотографии; испишување математички формули; дијаграмско претставување на содржина; поставување на хиперврски кон други документи.

„СЛЕПО“ ПИШУВАЊЕ НА ТАСТАТУРА

КАКО ПРАВИЛНО ДА СЕДИТЕ ПРЕД КОМПЈУТЕР


ИГРИ ЗА ВЕЖБАЊЕ НА БРЗИНА НА ПИШУВАЊЕ
Online апликација за вежбање на пишување
Rapid Typing Tutor е бесплатна програма која ќе ви помогне да ја зголемите брзината на вашето пишување со помош на тастатура односно ќе ве научи на „слепо пишување“ т.е. пишување на тастатура без гледање. Програмата содржи повеќе лекции со различни комбинации на копчиња при што треба да се внимава на правилното користење на прстите од рацете односно кои копчиња од тастатурата со кои прсти треба да се притискаат. Како единствена мана на ова бесплатно програмче може да се наведе недостатокот на македонска поддршка и неговиот шаренолик интерфејс. Програмата Rapid Typing Tutor може да ја превземете на следниот линк.Пријатна работа!



Корекција на готов текст според правилата за праволно пишување.

Цели: -Да се повторат и утврдат знаењата од програмата за обработка на текст изучувана во предметот информатика;
- Ученикот да се оспособи правилно да ја користи тастатурата.
-Ученикот да ги научи правилата за пишување на текст
- Ученикот да се оспособи да корегира текст според правилата за правилно пишување.

Вежба број 1

Изготвување текстуален документ во вид на оглас или соопштение според однапред зададени упатства за форматирање.

Цели:
- Ученикот да се оспособи правилно да пишува и корегира готов текст.
- Ученикот да се оспособи самостојно да изработува текстуален документ во вид на оглас или соопштение според однапред зададени упатства.
- Ученикот да се оспособи да внесува графички објекти во документот

Вежба број 2
Вежба-Изработка на оглас или соопштение
Вњжба број 3
Форматирање на параграфи. Нумерирање. Автоматска корекција на збор.  
Вежба за уредување: Хемиски состав на клетката
Вежба за внесување на графички објекти

Изготвување на текстуални документи со комбинирани содржини (текст и слика и нивна меѓусебна поставеност).

Цели:
- Ученикот да се оспособи да изработува текстуален документ со комбинирани содржини
Вежба-Традиционална македонска кујна
Вежба- Компјутерска историја
Вежба - Новогодишна честитка
 

Внесување на дијаграм.

Цели:

- Ученикот да се оспосби да изработи и внесе дијаграм во документот

Вежба бр 3

Изготвување на документ со примена на правилата за пишување на математички формули.

Цели:

- Ученикот да ја научи постапката за испишување на математички формули

- Ученикот да се оспособи самостојно да изработува документ со користење на алатките за пишување на математички формули.
Вежба за индекси и симболи
Пишување на математички формули во Microsoft Office Word

Изработка на текстуален документ со хиперврски.

Цели:

- Ученикот да се оспособи да поставува хиперврски во текстуален документ

Вежба со примена на хиперврски
Вежба-Мени за ресторан
Изработка и уредување на табела во програмата за обработка на текст
Вежба - Училишен дневник

Тема 5:
ПРОЕКТИ СО ПРОГРАМА ЗА МУЛТИМЕДИЈАЛНИ
ПРЕЗЕНТАЦИИ

Разгледување и доуредување на готова презентација (форматирање на содржината, поставување на позадина и внесување анимациски ефекти и ефекти на транзиција според зададенo упатствo)

Цели:

- Да се повторат и утврдат знаењата од програмата за мултимедијални презентации изучувана во предметот информатика;
- Ученикот да се оспособи да извршува доуредување на зададена презентација според зададени упатства.
Доуредување на презентација-Упатство за работа
Презентација за доуредување

Изработка на презентација на избрана тема според зададени упатства.

Цели:

- Ученикот да се оспособи да креира мултимедијална презентација според однапред зададени упатства.

Вежба-Ски центри
Вежба - Екскурзија во...
Креирање на мултимедијална презентација со примена на хиперврски.

Цели:

- Ученикот да се оспособи да креира мултимедијална презентација со примена на хиперврски.

Активности:
План на текот на презентацијата;избор на текст и поставување на хиперврски; поставување на копче со активност - хиперлинк.

Вежба број 1 за изработка на презентација со хиперврски

Вежба број 2: Квиз за сообраќај
Презентација: Квиз за сообраќај кој треба да се доуреди со примена на хиперврски

Вежба 3 - Домашни животни

Изготвување интерактивни мултимедијални презентации.

Цели:

- Ученикот да се оспособи самостојно да планира и изработува интерактивна мултимедијална презентација.

Вежба- Здрава храна за детство без мана
Вежба изработка на училишен весник
Вежба во Impress - Македонија

Тема 6:
ПРОЕКТИ СО ПРОГРАМА ЗА ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТКИ

Табеларен и графички приказ на податоците.

Цели:
- Ученикот да се оспособи да изработи табела и графикон според податоците во табелата според зададено упатство.

Вежба во Calc за изработка на табела и графикон

Изработка на табела во која ќе се вршат пресметки со изучените формули и функции.

Цели:
- Ученикот да се оспособи да изработи табела во која ќе изврши зададени пресметки со формули и функции.

Вежба - Буџет, месечни трошоци.

Изработка на таблица за множење до10.

Цели:
- Ученикот да се оспособи да изработи табела во која ќе изврши пресметки со помош на апсолутно и релативно адресирање на клетки.

Вежба - Таблица за множење.
Вежба-Календар

Табеларен и графички приказ на податоците од спроведената анкета со користење на условно форматирање на клетки за воочување на резултати.

Цели:
- Ученикот да се оспособи да изработи табела во која ќе изврши условно форматирање на клетки.

Вежба - Изработка на табела со примена на условно форматирање на клетки

Saturday, March 12, 2011

Вежба - Училишен дневник


Вежба - Мапирање на слика
Слики потребни за вежбата


Пример за мапирани слики Кликни ->: Овде
Вежба - КРСТОЗБОР
Пример на изработен крстозбор кликни: Овде
Вежба - Хиперврски во табела
Слики потребни за вежбата



Вежба - Паралелна работа помеѓу работни листови од една работна тетратка
Вежба - Конвертори

















Вежба-> Планер на трошоци за роденденска забава

Вежба - Изработка на интерактивна едукативна содржина во форма на табела со прашања и условно форматирање на клетки за внесување на одговор.
Учење зборови на англиски јазик
Вежба - Изработка на тест во Calc